Културното и природното богаство, традиционално подготвената храна и убавото вино биле главните адути, со кои Македонија била претставена на Саемот за туризам, што минатата недела се одржа во Берлин, Германија.

Од Агенацијата за промоција и  поддршка на туризмот велат дека брендираниот Macedonia Timeless штанд, привлекол големо внимание кај странските туроператори и туристичките агенции, кои покажале исклучително голем интерес за посета на нашата земја, а биле склучени и неколку конкретни договори.

Промоцијата во Германија била организирана во соработка со 6 Туристички Агенции од Македонија, а во оганизацијата биле вклучени и претставниците на здружението ХОТАМ и ТАВ Аеродромите, кои ги дистрибуирале своите промотивни материјали на потенцијалните туристи.

Македонскиот промотивен  штанд  го посетила и македонската  амбасадорка во Берлин, Корнелија Утевска-Глигоровска, како и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида.

OhridNews