Семејството Рок од Чикаго, стекна инстант светска слава од моментот кога нивниот син на интернет постави слика на неговата мачка која има четири уши.


Тед и Валери Рок велат дека американските медиуми и телевизии ги опсипале со понуди да прават репортажа за мачката со боја на чад наречена Џода. Понудите, велат, стигнале од емисијата „Добро утро, Америко“, „Фокс њуз“ и шоуто на Тајра Бенкс, а Џодините фотографии се објавени во лондонскиот „Гардијан“ и „Дејли меил“.

Валери и Тед Рок раскажуваат дека мачката ја пронашле во 2006 година, додека во еден бар го гледале преносот на некој натпревар. Во еден момент забележале дека останатите гости ја исмеваат мачката, тогаш стара 8 недели, поради необичниот изглед и одлучиле да ја вдомат.