Градот Мадрид кој беше домаќин на реваншот во финалето на Копа Либертадорес помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс пријави мултимилионска заработка. Вкупниот приход изнессува 42 милиони евра.

Заработката може да се зголеми за дополнителни 8 милиони евра, кога градските власти ќе ги наплатат сите работи за кои беа ангажирани. Со инкасирањето на 50 милиони евра, Мадрид ќе ги достигне Лисабон и Милано кои беа последни два домаќини на финалето во Лигата на Шампиони.

  • Организациски овој настан беше еден од поголемите кој се одржал во Мадрид. Дополнително ангажиравме безбедносни сили, полицијаци и други субјекти кои ни помогнаа да се покажеме добри домаќини. Симпатизерите беа задоволни и тоа нам ни е репер дали сме поминале добро. – изјавија градскиот власти од Мадрид.

„Супер класико“ се одигра во Мадрид поради безбедност, откако вториот меч на „Монументал“ стадионот воопшто не започна. Симпатизерите на Ривер Плата го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс, а играчите добија телесни повреди поради кои не беа во можност да настапат. Мадрид се покажа среќен за тимот на Ривер кој после дополнителни триесет минути со совлада ривалот 3-1 и стигна до титулата во Копа Либертадорес.

OhridNews

Магична ноќ во Мадрид, Ривер Плата шампион во Копа Либертадорес ! (видео)