Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ со извонредните актери на МНТ
18.07.25 11:25
Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар играјќи ја претставата „12“ работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана на денешницата од режисерот Синиша Ефтимов.
Претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште е всушност е декларација за човечката неспособност и некомпетентност.
Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени слоеви, со различни погледи и ставови, се соочија меѓусебе обидувајќи се да донесат правична пресуда.
Дванаесетчлената порота, по презентирањето на доказите од страна на обвинителството и одбраната, имаше задача да одлучи дали да осуди или да ослободи момче кое е обвинето за убиството на неговиот татко.
На почетокот сите се убедени во вината на обвинетиот, но еден поротник со своите сомнежи кон докажаното ја започнува интензивната и жолчна дебата во поротничката соба во која почнаа да излегуваат на виделина предрасудите, стереотипите и стравовите на секој од поротниците.
Публиката уживаше во феноменалната игра на актерите Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов/Нино Леви Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Тие преку своите ставови, мислења, емоции го отсликаа денешното општество со сите негови вредности, но и недостатоци и маани.
Сценографијата за театарската претстава „12“ за која имаше огромен интерес на „Охридско лето“ е на Мартин Манев, музиката на ПМГ Колектив, а костимографијата на Александар Ношпал.
Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид доби донација на детски книги на англиски јазик од волонтерската организација Darien Book Aid, од САД, посветена на унапредување на писменоста и образованието...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетик...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.