Шалке максимално го искористи домашниот терен откако на “Ауф Шалке Арената“ со пресврт ја совладаа Валенсија со 3-1 и со севкупни 4-2 се пласираа во наредната фаза во Лигата на Шампиони.


По водството на Валенсија немавме што да изгубиме. Притиснавме да постигниме погодок до крајот на првиот дел и успеавме благодарение на Фарфан кој изведе прекрасен слободен удар. Играта во второто полувреме беше на високо ниво, дојдовме до толку посакуваното водство. Чуварот на мрежата Мануел Нојер беше на висина на задачата спасувајќи неколку добри плики за Валенсија – смета Феликс Магат.


Тренерот на германскиот преставник во Лигата на Шампиони, Феликс Магат прокоментира околу моменталната форма на неговите избраници. Уште еднаш докажавме и јас лично се уверив дека со појака екипа играме многу подобро. Горд сум што ја елиминиравме Валенсија која е меѓу подобрите во Примера. Сметам и тврдам дека пласманот во понатомошната фаза е тотално заслужен.

Видео : Шалке со пресврт до најдобрите осум

Мх.П.