Германскиот преставник во Лигата на Шампиони, Шалке ремизираше 1-1 на гостувањето во Валенсија. “Плавите“ благодарение на погодокот на Раул имаат активен резултат пред реванш натпреварот во нивната “Ауф Шалке Арена“ додека за предност на “лилјаците“ погоди Роберто Солдадо.


– Задоволен сум од нерешениот исход, но бил позадоволен доколку триумфиравме на гостувањето. Ги држевме “конците“ во целиот тек од натпреварот одигравме на завидно ниво – смета тренерот на Шалке, Феликс Магат.

Реванш натпреварот помеѓу Шалке – Валенсија ќе се одигра на 9 март.

Мх.П