Денес, на прес-конференцијата во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), беше најавено новото партнерство со MAGGI кој станува официјален спонзор на РФМ, носејќи порака дека заедништвото е најважниот рецепт за успех.
Партнерството со MAGGI е уште еден доказ дека македонскиот ракомет продолжува да расте и да обединува. Заедно со овој бренд, кој е симбол на топлина и вкус, ја спојуваме спортската енергија со семејните вредности и секојдневието на нашите навивачи. Убеден сум дека оваа соработка ќе донесе многу позитивни приказни и нови победи, истакна претседател на РФМ Александар Стефанов.
Најголемиот светски прехранбен бренд MAGGI е присутен во Македонија не само во кујните и на семејните трпези, туку добро знае и што тука најмногу сакаме покрај добрата храна, а тоа е ракометот, изјави Рената Матушиновиќ, генерален директор за категоријата храна за Југоисточна Европа во компанијата Nestlé.
Затоа решивме со сето срце да го поддржиме омилениот локален спорт и нашата сјајна репрезентација во нивните победи. Со спортот одат и духот на заедништвото и здравите навики, а токму во тоа цврсто верува MAGGI, рече Матушиновиќ.
Но приказната не завршува тука. Зад името и логото стои и едно големо срце – Nestlé, долгогодишен партнер и донатор на Банката за храна на Македонија. Во Македонија MAGGI е присутен повеќе од 20 години.
OhridNews