– Многу сум радосен по првиот меч одигран за Македонија. Успеав да постигнам погодок, што ќе биде дополнителен мотив за мене во понатамошните настапи во македонскиот дрес . Се надевам дека во исти ваков стил ќе ги продолжиме квалификациските мечеви за мундијалот во Бразил 2014 година – посочи Јаховиќ.
Селекторот Чедомир Јаневски со повикот на Адис Јаховиќ доби опција плус во нападот. Мечот со Словенија, Македонија го одигра без осум стандардни репрезентативци.