Магистралниот пат Гостивар –Кичево ќе се даде под концесија, додека пак магистралата од Кичево до Охрид ќе се гради со кинески средства. Ова го најави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на гостувањето во вчерашниот Дневник на ТВ Сител.
–Владата на Република Македонија веќе направи стратегија и донесе одлука Магистралниот пат Гостивар –Кичево да го дадеме под концесија, за што ќе ангажираме позната меѓународна консултантска компанија, која ќе го води целокупниот процес. За околу еден месец траба да склучиме договор со оваа консултатската куќа која планираме да ја ангажиреме, рече Јанакиески.
Тој истакна дека магистралата Кичево- Охрид ќе се гради со дел од оние 10 милијарди евра што неодамна ги најави Кинескиот премиер, за што на два пати имаше средба со македонскиот премиер Никола Груевски.
Инаку Владата на Република Македонија кон крајот на февруари и официјално се откажа од изградба на автопатот Ќафасан – Охрид – Гостивар, откако изминатите неколку години не успеа да најде заинтересиран инвеститор.
Во мометов магистралнито пат Охрид –Гостивар е во многу лоша состојба. Поради снегот и мразот, предизвикани се големи штети врз асфалтот, па постоечките пукнатини и дупки, кои веќе подолго време се главна карактеристика на овој патен правец, сега се претворени во вистински кратери. Големите дупки, не само што им нанесуваат штети на моторните возила кои секојдневно сообраќаат по овој патен праец, тие претставуваат и голема опасност и за безбедноста на возачите и на патниците.
Неодмна дел до ударните дупки на овој патен правец беа санирани, но корекциите не го надминаа проблемот со овој патен правец, кој е еден од најфрекфентните во Република Македонија.
Турстичките работници од Охридскиот регион, во изминатите неколку години многу пати апелираа до надлежните институции за важноста на оваа сообраќајна делница и за тоа дека нејзната неуреденост остава лош впечаток на туристите. Дали најновите владини планови за овој патен правец ќе се остварат, останува да видиме.