Сообраќајот на сите патишта низ Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во одредени региони има појава на магла. Поради ниските температури можна е појава на голомразица, информираат од АМСМ.

Од АМСМ препорачуваат внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на отежнатите услови, како и да се одржува поголемо растојание помеѓу возилата. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони. 

OhridNews