Поради појава на магла, намалена е видливоста: до 50 метри околу Велес, Штип, Крива Паланка, Страцин, Сарамзалино и Кула; до 100 метри Тетово и Павлешенци. Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.