Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб дожд врне во Маврово, Дебар и на планинскиот превој Буково. Магла со видливост до 50 метри има на патниот правец Велес – Штип и Струмица – Ново Село, додека видливост околу 100 метри има во Куманово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Кочани и Д.Капија.
Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.