Од АМСМ утрово информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Магла со видлиовост до 50 метри има на патните правци Скопје – Миладиновци, Скопје-Катланово во двата правци и на обиколницата околу Скопје.

Поради штрајкот на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сеуште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

OhridNews