Граничниот премин Евзони, и понатаму е затворен за сообраќај во двата правци, поради штрајк на грчките земјоделци.

Од АМСМ информираат дека, поради појава на магла, има намалена видливост од 50 – 100 метри на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар и од 100 – 150 метри на патните правци околу Битола и Прилеп.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

OhridNews