Намалена видливост поради појава на магла до 40 метри има на патниот правец Жировница – Дебар – Струга, до 50 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Неготино, до 80 метри на патните правци Неготино – Д.Капија и Неготино – Градско и од 50 – 100 метри на патните правци Штип – Велес, Штип – Кочани и Штип – Неготино.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од 15 Ноември започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март следната година. Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места.

OhridNews