Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово–Скопје, од 50–100 метри на патниот правец Велес–Катланово, од 20–25 метри на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50–80 метри на патниот правец Св. Николе–Куманово и од 100–150 метри на патните правци кои гравитираат околу Кичево, Ресен и Прилеп.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

OhridNews