Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по влажни коловози на повисоките места во северозападните и источните делови од државата.

Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Крива Паланка–граничен премин Деве Баир, Тетово–Шипковица од 20–30 метри, Страцин до 150 метри и на планинскиот превој Буково од 100–150 метри.

OhridNews