Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 – 100 метри има на планинските превој Стража, информира „Макфакс“.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково. Според информација од ЈП Јасен, патниот правец Скопје – Македонски Брод низ Јасен, од 02.02.2017 година од 14:30 часот е со ограничена проодност. Во утврдените термини за еднонасочен сообраќај, дозволено е движење само на лесни теренски возила со погон на сите четири тркала.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна. Десната лента се затвара за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента, поставена e содветна сигнализација.

Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

OhridNews