Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни и лизгави коловози поради врнежи од дожд на пониските места и слаби врнежи од снег на повисоките места кој не се задржува на коловозите и редовно се чисти, соопшти АМСМ.Појава на магла со видливост од 70м. до 80м. има на планинскиот превој Стража. На возачите им се препорачува крајна внимателност на патните правци низ клисурите и планинските превои, каде е почеста појавата на поситни одрони. Ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар – Струга.












