Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од ЈП Македонијапат.

Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинскиот превој Стража. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони, посочуваат.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

OhridNews