Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.


Забраната за товарни моторни возила на патниот правец Струга-ГП Ќафасан е укината во 11:50 часот. Забраната за ТМВ на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека е укината во 12:30 часот. Во 14:10 часот е укината забраната за ТМВ на патниот правец Кичево-Гостивар кај пл.превој Стража.
Забрана за сообраќај за ТТВ и автобуси има на патниот правец Тетово–Попова Шапка. Забрана за сообраќај за TTВ на патниот правец Маврово-Дебар.