Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на места е намалена до 50 метри.

Густа магла утрово има и во охридската котлина.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

OhridNews