Маглата го зароби загадениот воздух во градовите, големо присуство на опасните ПМ10 честички и во Охрид
25.01.25 11:33
Во воздухот што го дишат граѓаните на Охрид, утрово се измерени значително зголемени количино на штетните ПМ 10 честички. Според резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина, единствена релевантна во државата, утрово во 10 часот загадувањето со ПМ 10 честички во воздухот во Охрид изнесувало 113,083 микрограми на метар кубен, што е повеќе од два пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен.
Состојбата со загадувањето утрово во 10 часот во Охрид.
Состојбата во раните утрински часови, пак била уште полоша кога во Охрид е измерени присуство на ПМ 10 честички од 160 микрограми на метар кубен. Најголемо загадување утрово е регистрирано во Струмица – 182 м3 и Битола – 178 м3.
Причина за зголеменото загадување се атмосферските процеси, пред се маглата и греењето. Потврда на тоа е фактот што во Охрид нема перманентно надмининување на дозволената граница на ПМ 10 честички во воздухот, туку има само часовни надминувања, најмногу во утринските и вечерните часови, кога се распалуват печките на дрва и слични енергенси кои се уште се користат во голем број. Токму тоа се смета за најголем извор на загадување на воздухот во Охрид, на што со години укажува експертската јавност. Дополнителен фактор е урбанизацијата и сообраќајот кој значитено е зголемен.
Ракометното дерби Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид во кое домаќините по голема борба славеа 27:24, мина во одлична атмосфера Во исполнетата сала „Боро Чурлевски“ ритамот го диктираа битолските Чкембар...
Еурофарм Пелистер го совлада ГРК Охрид 27:24 во дерби натпреварот од 12 коло од ракометната Супер лига и го презеде второто место на табелата „Гладијаторите“ имаат за што да жалат затоа што беа рам...
Ноќеска во 00:30 часот, при контрола на кабаре во Охрид, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, во содејство со мобилната единица „Task Force...