Поради густа магла за сообраќај затворен е охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.


Видливоста во Охрид е намалена на само стотина метри, поради што не можат да се вршат операции и од аеродромот кој беше алтернатива на скопското воздушно пристаниште, кое од исти причини е затворено веќе два дена. Откажани се предвидените вечерни летови за Рим и Подгорица, а од временските услови ќе зависи кога охридскиот аеродром ќе биде ставен повторно во функција.


Во текот на денот кон Охрид беа пренасочени голем број летови од скопскиот аеродром на компанииите „Чех ерлајнс“, „Адриа ерлајнс“ и на „Туркиш ерлајнс“, додека авионот на „Аустриан ерлајнс“ поради намалена вертикална видливост бил пренасочен на аеродромот во Солун, не информираа од „ТАВ“.


Поради маглата голем број патници деновиве беа приморани да патуваат од Скопје кон Охрид, а дел од нив се жалеа дека ненавремено биле информирани за промената на летот на летање, како и дека морале сами да се снаоѓаат за да стигнат на посакуваната дестинација.

OhridNews