Попладнево на скопскиот аеродром „Александар Велики“ откажани се летовите за Љубљана, а летот за Дубаи ќе се реализира од охридскиот аеродром каде во 13 часот слета авионот на „Флај Дубаи“.
Откажани се и попладневните слетувања од Љубљана за Скопје, а со задоцнување од еден час пристигна авионот од Белград.
Поради маглата состојбата со авиосообраќајот во државата се менува од час во час.
OhridNews