Иако маглата не е карактеристична за Охрид, оваа зима, која инаку е невообичаено блага, оваа природна појава е честа. Градот од утрово е обвиткан во магла, но видливоста е добра и не го отежнува одвивањето на сообраќајот во голема мера.

Поради појава на магла видливоста е намалена во Македонски Брод од 50 до 70 метри, на патниот правец Куманово – Свети Николе од 80 до 100 метри, Куманово – Крива Паланка до 100 метри, Тетово – Попова Шапка до 100 метри, Велес – Скопје до 100 метри, во Прилеп и Струга до 100 метри.

OhridNews