По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо, облачно и постудено време. Во останатите подрачја сончево и потопло. Макссималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 13 степени, информира УХМР.

Kaко што информира АМСМ, поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци:

Скопје – Куманово и Куманово – Скопје 100 – 150 метри
Скопје – Тетово – Гостивар, Струмица – Радовиш и Струмица – Валандово до 100 метри
Кичево – Охрид и Охрид – Ресен 150 – 200 метри
Струга – Дебар и Струга – г. п. Ќафасан 20 – 30 метри
На планинскиот премин Ѓавато 20 – 40 метри

И утре се очекува време како денешното. Во четврток попладне и во вечерните часови можни се врнежи од дожд, кои ќе ја расчистат маглата и веќе во петок се очелува сончево и пријатно време.

OhridNews