Управата на Удинезе го казни бразилскиот интернационалец Маикусел со неиграње во Лигата на Европа. Удинезе против Брага во третото квалификациско коло се бореше за место во Лигата на Шампиони. Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат 1-1, патникот во групната фаза од ЛШ беше одлучен на пенали. 

Неуспешниот  “паненка“ пенал на Маикусел беше клучен за елиминацијата на Удинезе. Управата од “фриули“ не го смести Маикусел ни во Б составот од кој може да се земе фудбалер во зимскиот преоден рок.

Мх.П.