Мајами Хит е новиот шампион во НБА Лигата. “Жешките“ во петтиот натпревар од финалната серија ја совладаа Оклахома со 121-106 и стигнаа до четвртата победа. 

Тимската игра го одведе Мајами до триумф. Шест кошаркари во екипата на “жешките“ постигнаа двоцифрен број на поени. Леброн Џејмс постигна 26, Крис Бош 24, Мајк Милер 23, Двејн Вејд 20, Шон Батиер 11 и Чалмерс 10.

Во поразениот состав на Оклахома, најпрецизен беше Дурант со 32 кошеви. По него следуваа Вестбурк и Харден по 19 и Дерек Фишер со 11.

Видео : Мајами Хит – Оклахома Тандер 121-106
.

Мх.П.