Предводен од извонредниот Леброн Џејмс, Мајами поведе против Бостон во финалето на Источната конференција. Хитс славеа со 93:79.  Џејмс партиципираше во победата на „жешките“ со 32 поени, 13 скокови и 3 асистенции.

На западот Сан Антонио води во финалната серија против Оклахома. Тимот од Тексас е домаќин на вториот финален меч што се игра доцна вечерва.

OhridNews