Утрово, најверојатно по семејна расправија мајка го фрлила својот шестгодишен син од четврти кат на семејниот дом во населбата Хиподром во Скопје, а потоа и самата скокнала. При падот, детето удрило во метална шипка, а потоа било дочекано од пожарникарите и полицајци кои биле на местото на настанот. И покрај преговорите со мајката, подоцна и сама се фрлила и се здобила со тешки повреди.
Шестгодишното дете се здобило со скршеници на главата, а мајката се наоѓа на интензивна нега. Од Ургентниот центар информираат дека шестгодишното дете е во постабилна состојба, но под постојан надзор на лекарите. Лекарите го следат детето, бидејќи во вакви случаи постои можност подоцна да се појават и други повреди. Мајката има скршеници на повеќе ребра од двете страни и се наоѓа на интензивна нега.
Се утврдуваат точните причини за трагедијата што се случи утрово во Хиподром.
OhridNews
извор Макфакс