Убавото време и високите температури кои викендов го зафатија Охрид, ги измамија охриѓани и туристите да излезат на најблиските плажи од охридското крајбрежје.  Бидејќи езерската вода е сеуште ладна, голем дел од нив го искористија мајското сонце, па одмараа и се сончаа на плажите. Овие фотографии се направени  вчера напладне на плажата кај  Центарот за обука на вода, во близина на Езерската полиција.



Мајско сончање во Охрид

OhridNews