Новиот шампион во НБА лигата ќе го даде „мајсторката“ во финалната серија откако Мајами Хит по дополнителни пет минути го совлада Сан Антонио 103-100 и изедначи 3-3.


Спасители на „жешките“ од бездната беа Леброн Џејмс и Реј Ален кои постигнаа две тројки за 20 секунди по што изборија продолжение. Во него “жешките“ беа по прецизни, „мамузите“ имаа акција за ново продолжение но Грин го промаши ударот за три поени.


Со 32 поени во тимот на Мајами најпрецизен беше Џејмс, Чалмерс постигна 20, а Реј Ален 9. Во екипата на Сан Антонио, Данкан беше најефикасен со 30 кошеви, Леонард реализираше.

Мх.П.