Машката ракометна репрезентација на Македонија убедливо ја совлада Словачка со 38:23 во реванш бараж натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и обезбеди пласман на Светското првенство 2027 во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа во текот на целиот натпревар и со вкупни 69:47 во двомечот го потврдија местото меѓу светската ракометна елита.

Македонија уште во првото полувреме создаде убедлива предност, а во продолжението само ја зголемуваше разликата пред исполнетите трибини во Скопје.

Најефикасни во македонскиот состав беа Филип Кузмановски со 11 гола, Мартин Велковски постигна 6, а Милан Лазаревски 5 гола, додека Мартин Томовски мечот го заврши со 6 одбрани.

За Македонија ова ќе биде нов настап на светските шампионати и продолжување на континуитетот на големите натпреварувања, откако националниот тим успешно го мина баражот против Словачка.

OhridNews