Македонската репрезентација во полуфиналето на мундијалскиот бараж за противник ја доби селекцијата на Данска.

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, кој го следеше извлекувањето во Цирих, вели дека во оваа фаза нема лесни противници.
За разлика од минатиот пат, кога бевме во плеј-офот и ги извлековме топ фаворитите Италија и Португалија, сега на „хартија“ добивме полесен противник, иако морам да потенцирам дека кога си во конкуренција на најдобрите 16 репрезентации, нема лесни противници, напротив. Штета што повторно немавме среќа за евентуален домашен натпревар. Данска е извонредно квалитетна репрезентација, неблагодарно е да даваме било каква прогноза. Во ова друштво нема слаби репрезентации и апсолутно не можеш да се надеваш на сигурен пласман, но ќе дадеме се од себе да бидеме конкурентни и во плеј-офот, рече Милевски.
Италија – Северна Ирска
Велс – Босна и Херцеговина
Домаќин на финале: победникот од мечот Велс – Босна и Херцеговина
Украина – Шведска
Полска – Албанија
Домаќин на финале: победникот од мечот Украина – Шведска
Турција – Романија
Словачка – Косово
Домаќин на финале: победникот од мечот Словачка – Косово
Данска – Македонија
Чешка – Република Ирска
Домаќин на финале: победникот од мечот Чешка – Ирска
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 26 март, додека финалињата се на програмата на 31 март 2026.
OhridNews
Фото: ФФМ











