Македонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир “Yellow cup” што се игра во Швајцарија. Црвено-жолтите вечерва ја совладаа Украина со 31-26 (13-17).
Претходно, вчера, Македонија ја совлада репрезентацијата на Бахреин 32:28.
Последниот меч на турнирот Македонија ќе го одигра утре против репрезентацијата на домаќинот Швајцарија, по што репрезентацијата се сели во Данска каде ќе ги игра натпреварите од групната фаза на Европското првенство кое почнува на 15 јануари.
Г.М.












