Во Келн попладнево се одржа ждрепката за плејофот за Светското првенство во 2025 година. Противник на македонската репрезентација ќе биде селекцијата на Фарски Острови. Првиот натпревар ќе го играме на гостински терен.

 

Селекторот Кирил Лазаров даде свое видување за ривалот во баражот.

Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна. Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025, изјави Лазаров на фејсбук-профилот на РФМ.

Другите двојки се:

Финска/Литванија – Унгарија
Белгија/Италија – Црна Гора
Грција – Холандија
Романија – Чешка
Шпанија – Србија
Словенија – Швајцарија
Португалија – Босна и Херцеговина
Исланд – Естонија/Украина
Полска – Словачка/Изреал
Грузија – Австрија.

Од Европа, директен пласман на Светското идната година обезбедија ко-домаќините Хрватска, Данска и Норвешка, како и Франција, Шведска и Германија три од четирите најдобри на Европското првенство кое е во тек.

Плејоф-пресметките за пласман на Светското првенство 2025 се закажани за 8 и 12 мај оваа година.

OhridNews