Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почнала да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос.
Кога настанало гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева била изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја прашал за името, таа кажала дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укорил зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рекла: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Ја натепале и со наредба на кнезот ја фрлиле во затвор, каде што ѝ се јавил ангел Господов, ја исцелил од раните и ја утешил. Со молитва ги урнала сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убиле со меч.
Како изгледале ранохристијанските базилики на Плаошник и Студенчишта во полн сјај пред 1500 години Одговорот денес не е само во археолошките книги, туку и пред очите на посетителите – преку 3...
Во 90 динамични секунди, низ објективот на OhridNews, ви ја пренесуваме атмосферата од свеченото отворање на Tino’s Bowling – новата забавно-рекреативна приказна во Охрид, исполнета со музика, пози...
Реализацијата на буџетот за третиот квартал предизвика бурна расправа меѓу советниците на одржаната 18-та седница на Советот Дел од советниците ја потенцираа слабата реализација на проектите финанс...