Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство ЕХФ ЕУРО 2026, во кој против Израел ќе се бори за освојување на деветтото место.
Македонските кадети во завршницата на шампионатот влегуваат по победата над Фарските Острови со 34:32, со која обезбедија и пласман на Светското првенство за кадети во 2027 година.
Последен предизвик за избраниците на македонскиот стручен штаб е селекцијата на Израел, а победа ќе значи завршување на европскиот шампионат на деветтата позиција.
Натпреварот Македонија – Израел се игра со почеток во 14:30 часот.
Средбата ќе може да се следи во живо на EHF TV и Arena Sport MKD.
OhridNews













