Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Сасовски и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов, денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе.

Протоколот отвара нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе, истакна министерот Спасовски.

Борбата пртив организираниот криминал не познава граници, што не упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба. – рече Спасовски.

Вицепремиерот Каракачанов потенцира дека потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија.

OhridNews