Агенцијата за иселеништво на Република Македонија на 19, 20 и 21 Октомври 2018 година во Охрид организира Конференција, на која ќе се разговара за промоција на туризмот. Ќе се разгледуваат можностите и начините за заедничко аплицирање на македонските организации во Република Хрватска и хрватските во Република Македонија, кон европските фондови со надеж за поголем обем на средства.

На конференцијата обраќање ќе имаат директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов,  Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот во Република Македонија, проф. др Верица Јанеска, од Економски институт Скопје, Универзитет Св.Кирил и Методиј, Марина Николовска, претставник од Министерство за образование и наука, Билјана Прентоска, претставник од Министерство за култура, Астрит Реџепи, претставник од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност како и претставник од „Центар изврсности“ при Министерство за надворешни работи на Република Хрватска.

OhridNews