Советот за општи работи на ЕУ по долга дебата денеска во Брисел не донесе одлука за одредување датум за отпочнување преговори со Македонија и Албанија.

ЕУ ќе се наврати на ова прашање во октомври, се наведува во заклучокот.

Комесарот за проширување на Унијата Јоханес Хан изрази жалење за одлуката на Советот на ЕУ, посочувајќи дека малцинството земји не биле подготвени уште денеска да одобрат конкретен датум за преговори за Албанија и Северна Македонија. Тој се надева дека тоа нема да биде случај во октомври, додавајќи дека ЕУ треба да ги награди резултатите што ги испорачале двете земји изминатата година.

OhridNews