Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација во машка конкуренција остана без квалитетен играч, откако Александар Костоски одлучи да се повлече од селекцијата. Кошаркарот на Гостивар го известил селекторот Јорданчо Давитков кој се соочи со проблеми пред дуелот со Романија во последната рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2021 година.

Се обидов да го убедам да ја смени одлуката и да настапи на натпреварот со Романија, но не успеав. Низ разговорот ми кажа дека одлуката е само од лични причини. Секогаш одговораше на нашите позиви и треба да ја почитуваме неговата одлука. – изјави селекторот.

 

30-годишниот кошаркар во текот на репрезентативната кариера помина низ сите младински категории, а долги години беше незаменлив на позицијата плејмејкер во А селекцијата.

Повлекувањето на Костоски ќе донесе одредени проблеми во репрезентацијата. Давитков ќе има задача да најде нов организиратор на игра. Поради повреда за мечот со Романија селекторот не може да смета на Бојан Трајковски кој се повреди.

OhridNews