Македонскиот ракомет и следната сезона ќе има два свои преставници во престижното клупско натпреварување, Лигата на Шампиони. Европската куќа на ракомет (ЕХФ) му додели вајлд карта на Металург, а Вардар како шампион на Македонија обезбеди директен пласман во фазата по групи.
„Металурзите“ и следната сезона ќе бидат дел од Ц и Д групите, каде членуваат клубови со помал рејтинг, додека Вардар повторно ќе фигурира во А или Б групите.
Најголемо изненадување во доделувањето на валјд карти од ЕХФ беше одбивањето на Кил кој после 15 години нема да биде дел од ЛШ и на Фуксе Берлин кој триумфираше во Купот на ЕХФ. Германија во новата сезона ќе има два свои преставници (Рајн Некар и Флензбург), а најмногу три има Франција (Монпеље, Нант и ПСЖ).
Новата сезона во ЛШ стартува на 12 септември, а ждрепката за фазата по групи ќе се одржи на 29 јуни.
OhridNews