Ждребот за баражот за пласман на Светското првенство во фудбал во Катар 2022 беше немилосрден кон македонската репрезентација.

Во полуфиналето од супер тешката бараж група Ц, Македонија ќе се соочи со актуелниот европски првак Италија. Овој натпревар ќе се одигра на теренот на „азурите“.

Доколку ја мине оваа пречка, Македонија во финалето  ќе се сретне со подобриот од дуелот Португалија – Турција.

Победникот од овој меч ќе биде домаќин на финалната средба.

Во групата А Велс ја пречекува Австрија, а Шкотска е домаќин на Украина. Во групата Б играат Русија – Полска и Шведска – Чешка.

OhridNews