Поволната ждрепка за Македонија во квалификациите за Европското првенство 2020 година влева голема надеж кај селекторот Игор Ангеловски. Тој го следеше во живо извлекувањето во Дабли, Република Ирска во кое Македонија ги доби Полска, Австрија, Израел, Словенија и Латвија за ривали во квалификациската група.

  • Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на ЕП. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите. – изјави Ангеловски.

Пласман на ЕП обезбедуваат најдобрите две селекции на табелата во групата. Македонија шанса за билет за учество на ЕП има и преку Лигата на Нации, каде игра во баражот во Д лигата. Ривал во полуфиналето е селекцијата на Косово.

Среќна ждрепка за Македонија во квалификациите за ЕП 2020

OhridNews