Македонската ракометна репрезентација финишираше на 15-та позиција на Мундијалот во Германија и Данска. „Црвено жолтите“ во дуелот за 15-то место подобри беа од репрезентацијата на Чиле совладувајќи ја со 32-30, полувреме 16-16.

Ова не е најдобар пласман ниту пак посакуван на македонската селекција, но очекуван и реален после слабите престави во групата против европските селекции.

Избраниците на Раул Гонзалес смогнаа сили и се потрудија со победа да се збогуваат од Мундијалот кој беше една од двете шанси за пласман во квалификациите за Олимписките игри.

Шанса на средбата со Чиле добија ракометарите со помала минутажа и голманот Златко Даскалоски и пивотменот Милан Лазаревски кои минатите мечеви ги проследија од трибините.

После завршување на СП, Македонија комплетно ќе се насочи кон квалификациите за учество на Европското првенство кое ќе се одржи следната година.

OhridNews