Македонската ракометна репрезентација на 26-то Светско првенство кое ќе се одржи во Германија и Данска од 10 до 27 јануари ќе настапи во ново руво.

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) новите „црвено жолти“ дресови ќе ги промовира во пресрет на контролни мечеви со Србија кои ќе се одиграат на 4 и 5 јануари во Скопје.

Македонија на Мундијалот во Германија и Данска мечевите ќе ги започне со Јапонија на 11 јануари, а потоа следуваат мечевите со Бахреин, Шпанија, Исланд и Хрватска.

OhridNews