Македонската атлетска репрезентација го освои 11 место на 3-то Европско екипно првенство во 3 лига кое се одржа викендов во Рејкавик, Исланд. Пласманот на 11 -та позиција од 15 земји учесници е нашиот најдобар пласман по формирањето на ваквиот тип натпреварување.


Од поединци најдобро пласирани и со најдобар резултат се следниве атлетичари кај жените; Ивана Рожман 4 место на 100 метри со личен резултат 11.02, на 200 метри со личен резултат 25.38, Ирена Темова во височина со прескокнати 170 см за 6-то место, Александра Спасеска 6-то место на трискок со личен резултат 11.68см.


Кај мажите, во спринитерските дисциплини Ристе Ајдаров на 100м и 200м Кристиан Ефремов на 400м истрчаа приближно до личните резултати, Штафетата на 4х100 метри, во скокачките дисциплини Јованче Јанковски во височина со 195см 7 место, Реџеп Селман иако повреден го даде својот максимум со прескокнати 14.38 се пласираше 7-ми,  кај фрлачите најуспешен Дејан Ангеловски во фрлање копје на 8 место.

Пласман во 2- лига обезбедија најдобро пласираните репрезентации, селекциите на Израел и Кипар.

Ohridnews