Македонската фудбалска репрезентација квалификацискиот натпревар со Албанија за пласман на Мундијалот следната година ќе го одигра на 5 септември во Струмица.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) со закажување на натпреварот на официјалниот интернет сајт ги разреши сите дилеми околу стадионот на кој ќе се одигра соседското дерби.

Стадионот „Младост“ во Струмица е во фаза на изградба, односно се средува околу него, додека тревникот е во добра кондиција. До одигрувањето на квалификацискиот натпревар „Младост“ ќе добие две трибини и подготвен ќе ја пречека Албанија.

Албанците имаа одредени забелешки за стадионот во Струмица после натпреварот помеѓу Вардар и Малме во Лигата на Шампиони. „Црвено црните“ се најдоа на тапет од УЕФА, а албанците сакаа тоа да го искористат за лобирање, односно мечот да се игра во Скопје.

Првиот натпревар помеѓе двете селекции зврши во корист на Албанија која славеше со 2-1 во меч се кој се играше два дена.

OhridNews